Тренд кој буди надеж во Јужна Кореја: Забележан најмал број на новозаразени, се опоравуваат сѐ повеќе луѓе...

Точка

23/03/2020

12:31

1.135

Големина на фонт

а а а

Јужна Кореја денес забележа најмал број на нови случаи на коронавирус од 29-ти февруари, а трендот на падот на бројот буди надеж дека ќе биде сузбиена епидемијата на заразната болест во втората најпогодена азиска земја после Кина.

Корејскиот Центар за контрола на болести и превенција денес соопшти дека се регистрирани 64 новозаразени од коронавирус, со што вкупната бројка во оваа азиска земја се искачи на 8,961.

Покрај тоа, забележан е еден смртен случај, а вкупно досега како последица на коронавирусот починаа 110 лица.


Не пропуштајте: Како Јужна Кореја успеа да сузбие епидемија од пошироки размери? Никаде во светот не се тестираат толку луѓе...


Јужна Кореја веќе 12-ти ден по ред бележи околу 100 новозаразени, во споредба со врвот на 29-ти февруари кога во еден ден беа потврдени дури 909 случаи на заразени со коронавирус.

Од болниците се пуштени 257 пациенти, соопштија од Центарот за контрола на болести и превенција, пренесува јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.

Исто така, во Јужна Кореја на 13-ти овој месец беа забележани повеќе опоравени отколку новозаразени за прв пат од 20-ти јануари и појавата на коронавирусот во оваа земја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг