Преку „Мој термин“ ќе се закажува земање брисеви за коронавирус

Макфакс

21/03/2020

15:45

1.549

Големина на фонт

а а а

Од понеделник, лицата кои сакаат да се тестираат за коронавирусот, доколку ги исполнуваат критериумите според утврдените алгоритми, тоа ќе можат да го сторат преку матичните лекари преку „Мој термин“, извести министерот за здравство Венко Филипче.

Преку „Мој термин“ ќе се закажува земањето брисеви на двата пункта во поликлиниките „Јане Сандански“ и во Чаир.

Од денеска ќе почне да функционира и кол-центарот во Здравствен дом – Скопје, а телефонскиот број дополнително ќе биде објавен во текот на денот, со оглед на тоа што телефонските броеви во Институтот за јавно здравје се преоптерени. На овие броеви можат да се јават сите лица на кои им требаат дополнителни информации во врска со коронавирусот или да се јават доколку имаат симптоми на вирусот.

Филипче извести дека здравствените работници се целосно мобилизирани и дека се третираат само итните и малигни случаи.