Казна од 4.000 евра за кичевец кој откако се вратил од Австрија ја прекршил мерката за изолација

Макфакс

20/03/2020

21:47

1.387

Големина на фонт

а а а

На жител од Кичево ќе му биде изречена парична казна во висина од 4.000 евра во денарска противвредност поради непостапување по здравствените прописи и мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Обвинетиот на 15 март влегол во земјава од Австрија и потпишал изјава за самоизолација.

Но, при проверка на полициските службеници на 17 март, а потоа и на 19 март обвинетиот не бил затекнат во својот дом.

Со тоа, кичевецот сторил кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг