Италијанскиот “нулти пациент“ 18 дена бил без свест – кој е тој и како се заразил?

Точка

20/03/2020

18:48

13.534

Големина на фонт

а а а

Матија, на 16-ти февруари почнал да се чувствува лошо, а на 18-ти февруари бил на болница каде што му било дијагностицирано воспаление на белите дробови.

По неколку седмици влошена здравствена состојба, италијанскиот “нулти пациент“ заразен од коронавирусот, 38-годишниот маж, конечно на 10-ти март ја напуштил болницата на интензивна нега.

Тој сега е во можност да дише самостојно, по неколку седмици без свест, а неговата здравствена состојба константно се подобрува.

Да ве потсетиме дека од коронавирусот била заразена и неговата бремена сопруга, но таа ја напуштила болницата пред здравствената состојба да влијае на нејзиниот фетус.


Кој е италијанскиот “нулти пациент“?

Станува збор за Италијанец со име Матија којшто родум е од Кодоња. Тој на 16-ти февруари почнал да се чувствува лошо, а на 18-ти февруари отишол на болница каде што му било дијагностицирано воспаление на белите дробови.

Бидејќи во тој момент не спомнал никаков, ниту индиректен ниту директен контакт со кинески државјанин, а неговата сопруга немала симптоми, добиле “зелено светло“ да ја напуштат болницата.

Следниот ден тој повторно се јавил во Брза помош. Мажот на возраст од 38 години, инаку спортист, не бил подобро од терапијата која што му ја дале докторите. Неговата здравствена состојба драстично се влошила па веднаш бил примен на интензивна нега. Без свест бил 18 дена.


Дури подоцна неговата сопруга се сетила дека нејзиниот сопруг на почетокот на месец февруари вечерал со пријател кој секоја година по неколку месеци престојува во Кина.

Инаку, сè уште не е целосно разјаснето од каде коронавирусот пристигнал во Италија. Многумина тврдат дека Матија всушност не е “нултиот пациент“ и дека коронавирусот воопшто не пристигнал од Кина туку од Германија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг