Светските ѕвезди се здружиле и го запеале хитот на Ленон во екот на пандемијата на коронавирусот

Точка

20/03/2020

10:03

1.939

Големина на фонт

а а а

Додека целиот свет се бори против коронавирусот, актерката и манекенка Гал Гадот добила идеја да направи една креативна работа.

Таа се договорила со своите пријатели, бројните светски ѕвезди, заедно да го отпеат легендарниот хит на Џон Ленон – “Imagine”. На снимката која трае 3 минути можеме да видиме како покрај Гал, оваа позната песна ја пејат и личности како Кристен Виг, Џејми Дорнан, Лабринт, Џејмс Марсден, Сара Силверман, Еди Бенџамин, Џими Фалон, Натали Портман, Зои Кравиц, Сија, Линда Картер, Ејми Адамс, Лесли Одом Џуниор, Педро Паскал, Крис О’Дауд, Дон О’Портер, Вил Ферел, Марк Рафало, Нора Џоунс, Ешли Бенсон, Каја Гербер, Кара Делевињ, Ени Мумоло и Маја Рудолф. 

“Во ова сме заедно, ќе го надминеме ова заедно. Ајде да замислуваме заедно. Пејте со нас. Љубов за сите вас, од мене и моите драги пријатели”, напишала Гал.

Еве го и видеото кое стана хит на социјалните мрежи:



Спонзорирани линкови

Маркетинг