Филипче: „Во Македонија има 6 нови случаи на коронавирус, а моментално се тестираат уште 35 лица“

Точка

19/03/2020

18:34

3.142

Големина на фонт

а а а

На прес-конференцијата која што министерот за здравство Венко Филипче ја одржа во 18.00 часот, информираше дека во Република Македонија има нови 6 случаи на коронавирус.

„Дијагностицирани се шест нови случаи на коронавирус, а со тоа бројката на заболени во Македонија се искачи на 48“ – изјави Филипче.

„Во Штип го имаме првиот случај на заразен со коронавирусот. Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14-ти март и било во домашна изолација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми. На Инфективна девојчето е сместено со мајката, ќе се земат дополнителни брисови“ – изјави Филипче.

Во Дебар се регистрирани три нови случаи на коронавирус чии тестови се направени во рамките на скринингот.

„Во Скопје е регистриран еден случај, контакт на претходно дијагностицираните. Уште еден случај е потврден во Гостивар и се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија, сите членови се контактирани“ - рече Филипче.

„Во моментов се тестираат 35 лица, за кои Министерството за здравство ќе извести веднаш по добивање на резултатите. Сите пациенти се во стабилна состојба, како на Инфективна така и во Дебар, а кај пациентката која е приклучена на апарати нема влошување на состојбата. Денеска е направена домашна визита, кај сите кои се во самоизолација“ - рече Филипче.

„Денеска е направен план за ставање во функција на третман и на овие пациенти со коронавирус ва болинцата „8 ми Септември“, со оглед на тоа што се изнудува потреба за друг тип на лекарска интервенција на пациенти кои што се сомнителни или имаат веќе потврден Ковид-19 и со цел да се зачуваат останатите капацитети“ – изјави Филипче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг