Мистерија на бројот “R“ – мора да биде под 1 за да се прекине ланецот на зараза, а во тоа цела планета има голема улога

Точка

19/03/2020

14:53

3.507

Големина на фонт

а а а

„За некои работните места се жаришта, за други продавниците и пазарите... Итно мора да го менуваме своето однесување“ – заклучила Петра Клепак, професорка по инфектологија во лондонско училиште за тропски болести, пишуваат од „Guardian“.

Рано откривање и ран одговор

Во идеалниот свет тоа ќе ги спречи заразните болести и ќе спречи да прераснат во епидемија. Изолација, тестирање на сомнителни случаи, тестирање на нивните контакти и карантин во случај некој од тие луѓе да бил заразен – тоа треба да се прави, а шансите да запре заразното ширење ќе бидат поголеми. Овие мерки треба да функционираат, особено за болест како САРС каде што лесно може да се препознае кои од луѓето имаат вирус.

Во случај на коронавирусот, откривањето е многу потешко затоа што нема очигледни симптоми...

Доколку нема симптоми, невозможно е да се идентификуваат луѓето кои што се инфицирани освен доколку истите се тестираат и нивната болест не е потврдена во лабораторија.

Поради тоа вирусот е многу тешко да се контролира, порано или подоцна инфицираните случаи избегнуваат детекција и така почнува ланецот на пренесување на болеста, а бројот на заболени почнува да расте.


Како епидемијата се шири во популацијата и како ние ја контролираме?

Во анализата, врвот на епидемијата се мери со трансмисија – тоа е пренос и тоа со помош на репродуктивен број познат како R, а тоа е просечниот број на луѓе кои што се заразени од оваа болест.

Ако се зане дека една личност ќе зарази повеќе од една личност, заразната болест се шири и бројот на заболени нагло расте, доколку една личност зарази помалку од една личност тогаш бројот на заболени опаѓа.

Колку што е поголема вредноста на R толку вирусот побрзо се шири. За сезонскиот грип, една инфекција во просек има 1.4 нови инфекции, за коронавирусот една инфекција има две или три нови инфекции во ран стадиум на заразата.

Колку луѓе ќе бидат заразени зависи од неколку работи – колку суспективни случаи има во популацијата, колку долго сме заразени (колку сме подолго заразени толку ризикот за пренесување на болеста е поголем), потоа бројката на луѓе со кои што сме контактирале.

За епидемијата да се исконтролира, вредноста на бројот R мора да се намали под 1, а за болест какви што се сипаниците тоа се постигнува со вакцина. Доколку R е два, тогаш мора половина од популацијата да се имунизира за да се прекине ланецот на пренос на болеста, ако е R 3 тогаш мора да се вакцинираат две третини од популацијата за да се спушти вредноста на R.




Спонзорирани линкови

Маркетинг