Масовно се шири објавата од Италијанката за коронавирусот: „Направивме голема грешка“

Точка

12/03/2020

21:10

32.683

Големина на фонт

а а а

Предупредувањето кое што една жена од Италија го објавила на социјалната мрежа Твитер, почнало да кружи по социјалните мрежи.

Италијанката, која што за порталот „Bored Panda“ открила дека се вика Бјанка и дека живее во мал град недалеку од Милано, ги предупредила луѓето дека коронавирусот не треба да го сфаќаат “здраво за готово“ и дека треба да се придржуваат на сигурносните упатства.

„Ве молам луѓе. Тука во северна Италија направивме голема грешка. Сите зборуваат дека “тоа е само грип“, а сега нашите оддели за интензивна нега се во колапс. Сите продолжија да излегуваат и да шетаат како ништо да не се случува и сега нашите родители, дедовци и баби умираат. Коронавирусот не е грип“ - порачала таа.

Нејзината објава предизвикала големо внимание и досега на Твитер е споделена речиси 70 илјади пати, а ја лајкнале нешто помалку од 142 илјади луѓе.

Во коментарите на нејзината објава се огласиле луѓе од целиот свет кои што ѝ се благодарни што тоа го споделила со нив.

„Кај нас никој не слуша. Ти благодарам што го сподели ова. Од срце ми е жал поради тоа што вашата земја поминува низ таков период (наскоро тоа ќе бидеме ние)“, „Ти благодарам што го сподели ова и биди сигурна дека оваа објава ќе спаси многу животи. Ѝ посакувам сè најдобро на твојата земја, пријатели и семејство“, „Јас сум од Кина и ние знаеме колку грозно може да биде сето тоа доколку вирусот излезе од контрола. Вториот период на инкубацијата е без симптоми и голема е можноста да се заразите“ - биле само дел од коментарите на нејзината објава.

Некои од луѓето сметале дека оваа жена шири лажни вести затоа што нејзиниот профил на Твитер бил “направен неодамна“.

Бјанка исто така споделила и мерки на сигурност кои што се препорачуваат во Италија:

1. Треба да држите минимално растојание од луѓето - 1 метар.

2. Избегнувајте физички контакт при поздравување со луѓето.

3. Избегнувајте големи собири.

4. Редовно мијте ги рацете.



Спонзорирани линкови

Маркетинг