Партијата Единствена Македонија и патриотското здружение „Тврдокорни“ потпишаа меморандум за стратешка соработка, која почнува за парламентарните избори на 12 април.
Како што информираат во соопштение од партијата на Бачев, двете страни се согласни дека договорите со кои се бришат името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ мора да се поништат.
„Општ заклучок кај потписниците на меморандумот е дека на Македонија не ѝ треба обединување со лидери и поединци, туку обединување врз основа на платформа, со јасни определби за одбрана на националните и државните интереси“, се наведува во партиското соопштение.
Од здружението „Тврдокорни“ се заложиле дека ќе го вложат целиот свој потенцијал и активно ќе работат на терен во предизборната кампања, со цел, како што се истакнува, да помогнат во победата на изборите на Единствена Македонија како единствената автентична национална и патриотска партија.
Сепак, „Тврдокорни“ до крај ќе остане на својата политичка определба и за таа цел нема да учествува на листите на кандидати за пратеници.