Речиси 85.000 заразени од коронавирус, уште 8 земји пријавија прв случај на заболен

Точка

29/02/2020

11:12

2.296

Големина на фонт

а а а

Светската здравствена организација го подигна нивото на опасност од глобалното ширење на коронавирусот на “многу високо”, откако вирусот се проширил на сите континенти освен Антарктикот, а уште 8 земји пријавија прв случај на заболен.

Бројот на заболени од коронавирусот во светот се приближува до бројка од 85.000, од кои досега има нешто повеќе од 2.900 смртни случаи. 

Во Јужна Кореја се потврдени 594 случаи на коронавирус, што е најголем пораст на бројот на инфицирани во еден ден.

Со тоа вкупниот број на заразени во Јужна Кореја пораснал на 3.150, додека бројот на починати е 17, пренесува “BBC” и додава дека во таа земја има најмногу потврдени случаи надвор од Кина, каде започнала епидемијата.

Во копнениот дел на Кина без провинцијата Хубеј вчера биле пријавени само 4 случаи на коронавирус, што е најмал број во еден ден откако Националната здравствена комисија во јануари започнала да објавува дневни извештаи, пренесува “Reuters”.

Во Хубеј вчера биле пријавени 423 нови случаи, од кои 420 се во главниот град Вухан, додека претходниот ден во оваа провинција се забележани 318 нови случаи.

Во Италија вчера починаа уште 4 лица, со што вкупниот број на жртви се искачи на 21, а порасна и бројот на заразени од 650 на 889. Епидемијата на коронавирусот во оваа земја започна минатата недела во северните региони Ломбардија и Венето.

На јапонскиот остров Хокаидо денеска е прогласена вонредна состојба поради брзото ширење на вирусот, а во оваа земја почина и првиот странец, британски државјанин кој бил на крузерот “Дајмонд принцес”.

Во Иран од денеска се затворени сите училишта во период од 3 дена, додека бројот на починати во оваа земја се искачи на 34, а 388 лица се заразени.

Во Германија се пријавени речиси 60 случаи на коронавирус, во Франција 57, а во Шпанија 32.

Во Мексико во петокот беше потврден првиот случај на коронавирус, што е втор случај во Јужна Америка по Бразил.

Кај една постара жена од Калифорнија бил откриен втор случај на коронавирус од непознато потекло во САД, бидејчи ниту патувала ниту била во контакт со друг заболен. Уште еден таков случај бил забележан во Орегон.

Бројот на заболени од коронавирусот во светот се приближува до бројка од 85.000, од кои досега има нешто повеќе од 2.900 смртни случаи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг