Заев до Мицкоски: „Jас ли треба да се засрамам? Затоа што вашата политичка партија во толпата во која што вие учествувавте, сакаше мене да ме убие?“

Точка

28/02/2020

19:57

4.178

Големина на фонт

а а а

Во моментов на Канал 5 во живо може да го следите дуелот помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Засега може да се каже дека дебатата тече според правилата и дека нема посериозни конфликти.

Меѓутоа, експремиерот Заев и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски зборуваат за доста актуелни проблеми кои ја засегаат јавноста

„Вие држите тука морални предавања за настан каде што и вие бевте учесник. Вие треба да се срамите од моите лузни“, му рече Заев на Мицкоски.

„Насилството е осудено, сите доле се изманипулирани. Јас бев нападнат со лузни сум по целото чело, насекаде, дел се гледаат, дел не се гледаат и јас треба да се засрамам. Зошто? Затоа што вашата политичка партија во толпата во која што вие учествувавте, сакаше мене да ме убие и другите пратеници кои што беа, како можете да зборувате за тоа?“, праша Заев.

Инаку, лидерите на двете најголеми партии се согласија дека коронавирусот нема да влијае на изборите.

Додека, според Заев власта се справува соодветно со состојбата, за Мицкоски, превентивата затаила.

Заев верува дека определениот период за неодржување јавни масовни собири ќе заврши, како што е утврдено до 6-ти март, и истакнува дека ќе се следат светските трендови и како ќе се развива ситуацијата.





Спонзорирани линкови

Маркетинг