Сите мислеле дека бабата е мртва, а потоа ќерка ѝ ја допрела за челото: Чудо - старицата била топла!

Точка

28/02/2020

15:30

3.663

Големина на фонт

а а а

Ксенија Дидук е прогласена за мртва откако Брзата помош констатирала дека срцето повеќе не ѝ чука.

Семејството веднаш почнало да се подготвува за погреб, повикано било свештено лице, а потоа се случило чудо.

Во еден момент ќерката ѝ го допрела челото и - било топло! Потоа ѝ допрела и некои други делови од телото за да сфати дека мајка ѝ воопшто не е ладна, како што инаку се случува со мртвите луѓе.

Откако била однесена во болница, сфатиле дека е жива, а бабата мислела дека лекарите се ангели, бидејќи биле во бели мантили.

„Мислев дека умрев, и дека тоа се ангели, но тоа всушност биле доктори. Очигледно Бог имал милост за мене, штом оживеав“, рекла бабата.

Локалната докторка изјавила дека во нејзината 20-годишна кариера не видела ништо слично, додека свештеникот не навел „дека се случило чудо и дека самиот Бог ја вратил старицата во живот“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг