Сколс задоволен од последните настапи: Почнавме да гледаме знаци, на Манчестер Јунајтед му следи...

Дерби

28/02/2020

12:50

1.230

Големина на фонт

а а а

Пол Сколс беше стручен аналитичар во студиото на „Би-Ти Спорт“ за вчерашниот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Клуб Бриж.

„Ѓаволите“ го растурија белгискиот тим и го совладаа со 5:0, а Сколс кој обично нема влакна на јазикот за прв пат по подолг период даде позитивен коментар за неговиот поранешен тим.

– Тие се уште се во процес на напредување и работа. Сметам дека секогаш треба да бидат судени на тоа како играат во лигата, а последните неколку месеци не беа воопшто добри. Начинот на кој се одвиваа работите во последните неколку години јасно става до знаење дека Оле ја доби задачата да го реизгради тимот, нема сомнеж за тоа. Мислам дека сега почнуваме да гледаме некои знаци, Оле донесе четворица играчи, пет со Игало кој е дојден на позајмица и сметам дека сите од нив се навистина добри. Иднината е светла ако продолжат вака, вечерва имаше навистина добра игра. Понекогаш кога ќе донесеш играч како Фернандеш, може да му даде живот на целиот тим, ги разигрува сите. Сега наеднаш сите даваат плус на теренот затоа што сакаат да го импресионираат новиот играч. Невообичаено е што играч кој доаѓа од друга лига, од друга земја, да започне веднаш да ги прикажува квалитетите како Бруно, – изјави Сколс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг