Руската државна телевизија го предвиде масакрот на турските војници? Турците ги гаѓаат нашите авиони, мора да се реагира

Точка

28/02/2020

11:36

3.489

Големина на фонт

а а а

Руската државна телевизија синоќа пред да биде изведен нападот на сириската армија во кој загинаа 33 турски војници извести дека турската армија користи преносливи против-воздушни системи и се обидува да сруши руски и сириски авиони.

Неколку часа пред да се случи масакрот на турските војници кои загинаа во воздушен напад (најверојатно) на сириската армија, руската државна телевизија „Русија 24“ пренесуваше за судирите во Сирија, односно за тоа како сириските терористи со поддршка на турската армија го зазеле градот Нираб во Идлиб.

„Нивните (сириските владини) и руските авиони буквално спасуваат животи. Сириските и руските воени авиони ги сопираат бунтовниците, но небото над Идлиб е опасно. Бунтовниците и турските војници активно користат преносни системи за против-воздушна одбрана“, пренесе „Русија 24“.


Во известувањето, руската државна телевизија исто така наведува дека руските и сириските авиони поради тоа се присилени да преземат противмерки.

Инаку, владините сили зазедоа околу 60 населени места во јужен Идлиб и соседната покраина Хама во последните три дена, објавија од Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.


Наскоро се очекува нова рунда на преговори помеѓу Анкара и Москва, иако сега веќе се чини дека е уште потешко дека двете земји ќе пронајдат заедничко решение за последната провинција во Сирија во која и натаму се водат борби помеѓу сириската армија и терористите кои ги поддржува Турција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг