Кинески пулмолог ги одброил деновите на коронавирусот: Епидемијата наскоро ќе заврши, а еве и кога

Точка

27/02/2020

19:48

11.018

Големина на фонт

а а а

Кинескиот пулмолог Жонг Наншан, рекол денес дека е уверен дека епидемијата на коронавирусот "ќе биде ставена под контрола" до крајот на април, додавајќи дека тоа што вирусот е откриен во Кина, не значи и дека од таму потекнува.

"Со силните мерки кои ги презема кинеската влада и заедничките напори на медицинарите ширум земјата, уверени сме дека епидемијата во основа ќе биде под контрола до крајот на април", рекол Жонг пред новинарите во јужната кинеска провинција Гуангжу. 

Жонг рекол дека тоа што првиот случај на заболување со COVID-19 е откриен во Кина, не значи дека коронавирусот потекнува од Кина.

"Потребна ни е поголема меѓународна соработка бидејќи ова не е национална болест, туку се однесува на сите луѓе", рекол Жонг и додал дека Медицинскиот универзитет во Гуангжу ја засилил соработката со странските универзитети.

Најновите истражувања покажале дека во дишните патишта пациентите заразени со новиот коронавирус имаат многу леплив секрет, рекол Жонг и додал дека опструкцијата на дишните патишта може да доведе до секундарна инфекција. Стапката на смртност меѓу критичните пациенти во Вухан се ближи до 60 проценти.

Експертите бараат решенија за хипоксијата, а некои нови методи се покажале како ефикасни во Вухан во олеснувањето на тешкотиите на пациентите при дишењето. На прашањето зошто некои пациенти, пуштени од болница по иницијалното закрепнување, биле позитивни на коронавирус на повторното тестирање, Жонг рекол дека COVID-19 е нова болест, чиј процес уште не е познат.

"Засега не можеме да извлечеме апсолутен заклучок и мораме внимателно да го следиме неговиот развој. Но, според законите на микроорганизмите, луѓето кои имаат доволно антитела повеќе нема да бидат инфицирани", рекол Жонг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг