Хрватски научник пресмета колкави се шансите да заболите од коронавирус!

Точка

27/02/2020

22:09

7.252

Големина на фонт

а а а

Молекуларниот биолог Игор Штагљар, еден од најугледните хрватски научници кој работи во Универзитет во Торонто, на Фејсбук објави статус за коронавирусот, во кој објаснува колку всушност е опасен и заразен.

Неговата објава ви ја пренесуваме во целост.

„Денеска СЗО објави дека има вкупно 79,300 вкупно заразени од COVID-19. Од оваа голем бројка, 77.000 од нив се во Кина, oдносно најголем дел во Вухан.

Вухан има 11 милиони жители. Да претпоставиме дека од горенаведените 77.000 заразени сите се од Вухан.

77,000/11,000,000 = 0,007 x 100 = 0,7

Значи, 0,7% жители на Вухан се заразени, а 99,3% жители од тој град НЕМААТ вирус. Зборувам за градот од каде што почна епидемијата!

Исто така, да не заборавиме дека над 10.000 луѓе во меѓувреме се излечија од вирусот. Значи МОМЕНТАЛНАТА бројка на заболени не е 79.300, туку 79.300-10.000 излечени (и минус 2.500 починати) т.е. моментално има 'дебело' под 70.000 заразени, а не 79.300.

Но, што е со смртоносноста од коронавирусот?

Ако сте постари од 80 години, а заразени сте од COVID-19 вирусот, шансата да починете е 14,8%. Што повторно укажува на тоа дека 85,2% од луѓето ќе оздрават.

Ако сте на возраст помеѓу 50-60 години, имате 1,3% шанси да починете, ако не дај Боже сте заразени од вирусот.

За помладите од 40, шансата е 0,2%, значи 99,8% од младите под 40 години кои ќе се заразат, ќе оздрават.

Но, еве за што се работи: тоа е само ако се инфицирате од коронавирусот! Шансата за зарази е само 0,7%, врз основа на скоро тримесечна појава на изворот на инфекцијата, во Вухан. Значи 99,3% се шансите за вирусот никогаш да не стигне до Вас.

Ако имате 85 години, имате 0,7% шанси воопшто да се заразите од вирусот, па ако веќе ве 'стигне' имате уште 14,8% шанси да починете од него, односно вкупно имате 0,103% шанси да починете од тој вирус. Тоа значи дека шансата дека нема да умрете од тој вирус е 99,897%!

За еден 45-годишник, тие две шанси кога ќе се помножат изнесуваат 0.0028% дека коронавирусот ќе ги убие, а 99.9972% дека нема.

За еден 35-годишник веројатноста дека ќе умре од овој вирус е 0.0014%, а дека нема да умре е 99.9986%.

Внимавајте, тоа се 0,7% воопшто да го добиете и 0,2% да умрете од него, ако сте на возраст под 40 години.

Понатаму, запрашајте се зошто толку малку се споменува дека над 10.000 Кинези ОЗДРАВЕЛЕ од вирусот? Кому тоа не е интересна вест и зошто не е? Кој живее од тоа вие што повеќе да ги читате нивните статии и да ги купувате нивните весници?

Попатно, Кина има 1.386.000.000 жители, од нив 77.000 се заразени, а на 1,4 милијарда Кинези, тоа е само 0.0055% од сите Кинези. Тоа значи дека од земјата од која потекнува вирусот, 99.9945% од жителите НЕМААТ вирус. Поточно, од 10.000 Кинези, 5 ќе го имаат вирусот, а 9.995 нема да го имаат. ЕТЕ колку вирусот е заразен.

Целта на целата приказна:

Да, опасност постои, но сосема е непотребно да се создава волкава паника! Затоа - апел до медиумите - ве молам, соберете се малку! Јасно ми е дека мора да ги продавате вашите весници, да ја зголемувате читаноста.... но факт е дека ова е премногу!“, нашиша Штагљар на Фејсбук.




Спонзорирани линкови

Маркетинг