На овогодинешниот Виенски бал ќе се танцува за децата од СОС Детско село

Точка

27/02/2020

10:43

3.732

Големина на фонт

а а а

Валцер на музиката на Штраус, мирис на захер торта, виенска шницла, гламур, на 14-ти март традиционално, по 21-ви пат, ќе се одржи Виенскиот Бал во Скопје.

Балот ќе се одржи под покровителство на амбасадата на Република Австрија во нашата земја, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус во Александар Палас. 

Како е концепирана музичката програма годинава? 

- Гостите ќе танцуваат на виенскиот валцер, со екстравагантноста на Штраус музиката, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена. Кој не умее да игра валцер, има шанса да заигра на звуците на светски евергрини и македонски хит рефрени. Во уметничката програма на Виенскиот Бал во Скопје ќе настапат врвни уметници:  

- оркестарот „Јохан Штраус“ ќе музицира под диригенство на Бисера Чадловска

- ќе настапат првенците на Балетот од Националната опера и балет Саша Ефтимова и Балаж Локсен (Унгарија)

- танчери на Танцовиот клуб Прима Данца

- Тумбао Салса Бенд

- Арт Бенд

- и вокалните солисти:

  Драган Бобиќ - Дексо,

  Калина Велковска

  и Паула Ц. (САД)


По вторпат домаќинка на балот е Вера Мештеровиќ, како ќе изгледа, во чија креација ќе биде облечена? 

- Водителка на Балот е Вера Мештеровиќ, која ќе заблеска во креација на Елена Лука.  


Да потсетиме на дрес-кодот? 

- На Виенскиот Бал во Скопје се почитува вековната традиција на задолжителниот дрес код, и тоа, за дамите - свечена долга тоалета, а за господата - смокинг, темно одело или униформа.

Балот има хуманитарна димензија, за што ќе бидат наменети средствата годинава?  

- Виенскиот Бал во Скопје и оваа година, потврдувајќи ја македонско-австриската сорботка на поле на културата и уметноста, уште еднаш ќе ја донесе магијата на музиката, танцот и гламурот, и тоа во служба на хуманоста. И годинава, Виенскиот Бал во Скопје има хуманитарна димензија. Секој гостин на Балот активно ќе учествува во афирмација на човековата добрина, достоинството и вредноста на човекот. Средствата ќе бидат наменети за СОС Детско село. 

(А.В)




Спонзорирани линкови

Маркетинг