Се поти и кашла: Снимката од иранскиот политичар кој заболе од коронавирус го обиколи светот

Точка

25/02/2020

18:58

5.387

Големина на фонт

а а а

Иранскиот заменик министер за здравје, Ираџ Харирчи, заболел од коронавирус и сега се наоѓа во карантин, а она што привлече најголемо внимание е снимката на која се гледа колку му било лошо.

Тој на конференцијата за медиумите се препотил, го бришел носот, а во еден момент и се накашлал. Во ниедна прилика не носел заштитна маска.

Според пишувањата на локалните медиуми, Харирчи од почетокот на епидемијата бил на “борбена линија“ и еден од главните борци против таа вакцина.

Досега во Иран починаа 15 лица од коронавирус, а најмалку 95 се заразени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг