Деканот на Ветеринарниот факултет во Битола незаконски се унапредил себеси и свој колега

Макфакс

25/02/2020

14:57

916

Големина на фонт

а а а

Битолската полиција поднесе кривична пријава против Г.Ж. (60), декан на Ветеринарниот факултет во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Како што информираат од МВР, пријавениот во 2009 година, без спроведување на соодветна законска постапка, донел одлука за сопствено унапредување во повисока научна титула, со што се стекнал со противправна имотна корист од 500.000 денари.

Исто така, во 2017 година, без спроведување на соодветна постапка, пријавениот донел одлука за унапредување на колега од доцент во вонреден професор, со што овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 90.000 денари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг