Двајца Срби во карантин во Шабац, еден се вратил од Тајалнд, а другиот од Милано

Макфакс

25/02/2020

14:47

727

Големина на фонт

а а а

Двајца мажи се сместени на инфективното одделение на Општата болница во Шабац, поради сомнение дека се заразени со коронавирусот, пренесува српски „Блиц“.

Како што пишува „Новости“, првиот хоспитализиран некое време престојувал на Тајланд, а другиот пред неколку дена се вратил од Милано во Италија.

Хоспитализираните мажи се наоѓаат во прописно опремени изолирани единици, каде медицинскиот персонал влегува само и исклучиво според процедури и во согласност со издадени упатства од Институтот за јавно здравје на Србија.

„Повикани се епидемиолози од Заводот за јавно здравје во Шабац да земат примероци поради анализи на Институтот за вирусологија ‘Торлак’. Пациентите не се респираторно загрозени и не се на кислород, но имаат симптоми на сезонски грип“, велат специјалисти од болницата за „Новости“.

Пацинетите се одвоени зошто доаѓаат од означени подрачја. Патникот на Тајланд таму престојувал во период додека немало изолирани случаи на коронавирус, додека патникот од Милано добил температура, па според прописите, неговата здравствена состојба мора да биде следена и контролирана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг