Пристигнува новиот електричен автомобил на Мерцедес: EQA на зимско тестирање!

Точка

25/02/2020

16:10

570

Големина на фонт

а а а

Серискиот модел EQA е снимен за време на тестирањето во зимски услови на крајниот север на Европа.

Со концептот EQA кој беше претставен на Меѓународниот саем на автомобили во Франкфурт во 2017-та година, Мерцедес најави дека EQ стратегијата ќе ја пренесе и на сегментот на компактните автомобили.

Продукцискиот електричен автомобил EQA кој ја претставува електричната верзија на кросоверот GLA ќе пристигне пред крајот на оваа година, а прототипот на овој автомобил моментално се тестира на снежните патишта во Шведска.


Од Мерцедес велат дека ова зимско тестирање инженерите го користат за со посебно внимание да ги испитаат сите термални карактеристики и полнењето на батериите во екстремни услови.


Понатамошните аспекти од тестирањето на возилото секако се безбедноста, возните карактеристики и однесувањето на возилото во зимски услови, како и рекуперацијата на електрична енергија на снег и мраз.




Спонзорирани линкови

Маркетинг