Смртоносниот вирус пристигна во Австрија: Први два случаи на заразени од коронавирус потврдени во Инсбрук

Точка

25/02/2020

15:36

1.524

Големина на фонт

а а а

Во Австрија денес биле потврдени првите случаи на инфекција со коронавирус.

Двете лица, како што било соопштено на прес-конференцијата во Инсбрук, најверојатно се инфицирани со коронавирус. Првите тестови биле позитивни, а понатамошните тестирања треба да ги потврдат сомнежите. 

Двете лица, кои имаат потекло од италијанскиот регион Ломбардија, а кои живеат во Инсбрук, дошле во болница со температура. Тие се сместени на изолирано одделение на клиниката во Инсбрук.

Понатамошни детали за погодените лица властите на Тирол не сакаат да изнесуваат, со исклучок дека двајцата имаат 24 години.

Во текот на денот ќе бидат спроведени понатамошни тестирања кои треба да дадат конечен суд за тоа дали навистина се инфицирани со новиот вирус.

Претседателот на покраината Тирол, Гинтер Платер, денес најавил дека на клиниката во Инсбрук ќе биде воспоставена посебна амбуланта за пациенти кој кои постои сомнение дека се инфицирани со коронавирус.

Инаку, покраината Тирол се граничи со Италија, односно италијанските региони во кои се забележани инфекции со коронавирус.




Спонзорирани линкови

Маркетинг