Играч на Сити се нуди на Барселона: Кога би играл заедно со Лео Меси…

Дерби

25/02/2020

13:38

2.569

Големина на фонт

а а а

Многумина од активните фудбалери сакаат да заиграат заедно со вистинскиот виртуоз со топката и еден од најдобрите играчи на сите времиња, Лео Меси.

Аргентинецот неодамна најави дека сака да остане во Барселона и покрај проблемите во клубот, па јасно е дека секој фудбалер кој ќе посака да игра со него во тимот ќе мора да го облече дресот на Барселона.

Играчот на Манчестер Сити, Бернардо Силва потенцираше дека има голема желба да игра заедно со Лео Меси во ист тим и со тоа да каже дека играл со двајцата најдобри фудбалери на сите времиња, Роналдо и Меси.

– Играм со Кристијано во репрезентацијата, и кога би играл со Меси во клуб тогаш би можел да кажам дека сум играл со најдобрите играчи во историјата на фудбалот. Тоа е комплицирано да се оствари, дали во Барселона или во Сити, навистина не е важно, - изјави Бернардо Силва.

Инаку, среќата да игра со двајцата најдобри фудбалери на денешницата ја има Пауло Дибала кој игра со Роналдо во Јувентус, а ја дели соблекувалната со Меси во репрезентацијата на Аргентина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг