Коронавирусот пристигна и во Хрватска! Тамошниот премиер го потврди првиот случај на смртоносниот грип

Точка

25/02/2020

13:16

2.837

Големина на фонт

а а а

Станува збор за млад човек кој моментално е сместен на Клиниката за инфективни болести во Загреб.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денес соопштил дека е потврден првиот случај на коронавирусот во таа земја.

Станува збор за млад државјанин на Хрватска кој престојувал во Милано во периодот помеѓу 19-ти и 21-ви февруари, а здравствените служби ги истражувале контактите кои ги имал.

Директорот на КБЦ Риека наскоро ќе ја извести јавноста за состојбата на десетмината Хрвати кои се хоспитализирани по враќањето од Италија. 

##https://twitter.com/disclosetv/status/1232270706584494085?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг