Ѓукановиќ пред Советот за човекови права: Нè удираат и однатре и однадвор

Макфакс

24/02/2020

16:14

810

Големина на фонт

а а а

Поради Законот за слобода на вероисповед, Црна Гора се соочува со удари и однатре и однадвор, преку отворена спрега на црквата со националистичкото вонсистемско дејствување насочено кон рушење на правниот поредок и негирање на граѓанскиот и мултиетнички карактер на црногорската држава, изјави претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во Женева, пренесува РТЦГ.

Во своето обраќање на 43. сесија на Советот за човекови права, Ѓукановиќ укажа на ситуацијата во Црна Гора по усвојувањето на Законот за слобода на вероисповедта кој, според него, е во согласност со најсовремените легислативни стандарди, ја зацврсува слободата на вероисповед, ја уредува правната положба на верските заедници и го гарантира уставниот принцип на одвоеност на црквата од државата.

„Меѓутоа, уште во подготовките, а особено по неговото усвојување, Црна Гора се соочи со обвиненија од страна на само една верска заедница и со брутална медиумска кампања доминантно од блиското опкружување со вешти манипулации и обиди да се обвини државата дека има намера да го одземе црковниот имот и да ја смени нивната повеќевековна намена. Освен тоа, на межународните форуми, вклучувајќи го и овој дом, можеа да се слушнат обвиненија дека Црна Гора спроведува политика на дискриминација и ги крши верските слободи,“ посочи тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг