Американците попусто се закануваа: Huawei има најмногу 5G договори во Европа

Точка

24/02/2020

14:28

1.248

Големина на фонт

а а а

Иако притисокот на САД врз европските партнери беше без преседан и трае и натаму, Huawei токму на Стариот континент склучи најмногу 5G договори.

Huawei Technologies ја обезбеди својата позиција на најбаран снабдувач со 5G телекомуникациска опрема и покрај интензивниот притисок на американските власти да биде ограничена работата на кинескиот технолошки гигант.

Меѓу 91 комерцијални 5G договори кои Huawei досега ги потпиша, повеќе од половина се од Европа.


Аналитичарите сметаат дека тоа што расте бројот на договори покажува дека Huawei со своите технолошки способности стекна доверба од голем број на оператори кои практично не веруваат во тврдењата дека кинеската влада ја користи компанијата за шпионажа.

Од Huawei Technologies соопштија дека 91 потпишани договори за развој на 5G мрежа претставуваат зголемување за речиси 30% во однос на минатата година. 47 договори биле од Европа, 27 од Азија и 17 од други региони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг