Нема крај на проблемите: Сетиен загуби уште еден важен играч за натпреварите со Наполи и Реал Мадрид

Дерби

23/02/2020

16:45

2.209

Големина на фонт

а а а

Барселона одигра фантастичен меч против Еибар и на најдобар можен начин се загреа за дуелот со Наполи во Лигата на шампионите и одној против Реал Мадрид во домашното првенство, но пред двата тешки испити, тренерот Кике Сетиен загуби уште еден важен играч во неговата ротација.

Сетиен на двете важни средби ќе игра без старниот лев бек Жорди Алба, но денеска стана познато дека нема да може да смета ниту на Серхи Роберто кој стандардно ја зазема десната бековска позиција на најважните натпревари кои ги игра тимот од „Камп Ноу“.

Барселона денеска излезе со официјално соопштение со кое пренесе дека Роберто има повреда на адукторот, поради која ќе мора да направи пауза од фудбалските терени во наредните три до четири недели. Ова значи дека Серхи ќе пропушти дел од најважните натпревари во сезоната за Барса, а ќе се врати во тимот во случај Барселона да се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампионите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг