Ана е новата Бонд девојка: Добила прилика за која сонуваат многу актерки, а кога дошла во Холивуд не знаела ни англиски јазик

Точка

22/02/2020

19:44

4.535

Големина на фонт

а а а

Актерката со шпанско потекло, Ана де Армас, добила прилика да игра во последниот филм за Џејмс Бонд, каде ќе глуми токму Бонд девојка.

Главниот заводник и познатиот таен агент ќе остане Даниел Крег. 

Актерката и сама на социјалните мрежи се пофалила со фотографија покрај која напишала:

“Ова е многу возбудливо, конечно можам да ја споделам веста. Толку сум среќна што ќе работам заедно со овие неверојатно талентирани уметници. Не можам да го дочекам почетокот”.

Инаку, Ана своето детство го поминала на Куба каде што и е родена. Поради своите баба и дедо успеала да добие шпанско државјанство, а потоа се прославила во шпанската серија “El Internado”.

Како што и самата признала, од 18 до 21 година се стекнала со невидена слава.

“Потоа дојдов во Холивуд и повторно бев анонимна. Да не зборувам за фактот што морав да учам англиски јазик. Кога добив улога во филм со Кијану Ривс не знаев ни еден збор англиски”, раскажала Ана за странските медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг