Коронавирусот ги однесе првите жртви во Италија: Починаа маж и жена, бројот на заразени расте

Точка

22/02/2020

12:35

3.249

Големина на фонт

а а а

Во Италија се забележани првите два смртни случаи како последица на зараза од смртоносниот Коронавирус кој од почетокот на годинава однесе над 2 илјади животи.

Во болница во регионот Венето починал 78-годишен маж кој во текот на последните 10 дена бил на лекување. Исто така, една жена починала во северниот регион Ломбардија. Само во последните 24 часа во Италија има 17 нови случаи на заразени од Коронавирусот со што се вклучи алармот кај италијанските власти.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте кој овие денови престојува во Брисел на Самитот на лидерите на Европската унија каде се расправа за буџетот, се осврна на состојбата со заразната болест во неговата земја.

„Иако постојат нови случаи на зараза, ситуацијата е под контрола. Нема место за паника. Имаме план и го спроведуваме“, изјави Конте.

Со смртоносниот Коронавирус кој за прв пат беше откриен во кинескиот град Вухан, ширум светот се заразени над 77 илјади луѓе, додека досега починаа најмалку 2,360.



Спонзорирани линкови

Маркетинг