Жестока пресметка со терористите: Погледнете како сириската војска ги уништува нивните тенкови и транспортери

Точка

22/02/2020

12:20

4.047

Големина на фонт

а а а

Сириската новинска агенција „САНА“ објави видео снимка на која може да се види како сириската армија го одбива жестокиот напад на про-турските терористи во подрачјето на селото Нејраб во провинцијата Идлиб.

Снимките се направени од дрон и може да се види уништувањето на воената техника на терористите, вклучувајќи тенкови, оклопни транспортери и возила со инсталирани тешки митралези.

Како што беше претходно соопштено од Центарот за помирување на завојуваните страни во Сирија, про-турските терористи со поддршка на артилеријата на турската армија се обиделе да ги пробијат позициите на сириската армија.

На повик на Дамаск, борбени авиони „Су-24“ на руското воено воздухопловство полетале и ги бомбардирале нивните позиции и тоа им помогнало на сириските војници да го одбијат нападот, нанесувајќи им на терористите жестоки загуби. Од Центарот ја повикаа официјална Анкара да престане да ги поддржува терористите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг