Војната во Сирија се комплицира: Охрабрениот Асад маршира кон победа, Русија и Турција на раб на судир!

Точка

21/02/2020

21:30

8.003

Големина на фонт

а а а

Дали на сојузништвото на Русија и Турција му дојде крајот? Дали соработката е на „стаклени нозе“ па може да дојде и до директен воен судир помеѓу двете земји кои се важен „играч“ во граѓанската војна во Сирија?

Причината е провинцијата Идлиб, односно единствената територија во Сирија која не е под контрола на легитимната власт на сирискиот претседател Башар Ал Асад. Сирискиот претседател, охрабрен од големите победи на неговата армија, тргна да го ослободи последното парче земја со цел да биде ставен крај на повеќегодишната граѓанска војна.

Сепак, тука се испречи Турција за која Идлиб е зона на турското влијание во Сирија. Анкара и Москва во 2017-та година се договорија за демилитаризација на оваа провинција, нешто што Турција воопшто не го спроведе, туку напротив, дури и ги вооружи терористичките групации присутни на тоа подрачје.

Башар Ал Асад, охрабрен од руската поддршка (тој опстана на власт токму благодарение на интервенцијата на Русија), одлучи тој дел од Сирија дека мора да биде ослободен. Најпрвин, затоа што тоа е сепак дел од сириската територија кој никој нема право да го контролира освен сириската армија. Идлиб е дел од Сирија и само Сирија. Второ, затоа што низ провинцијата минуваат двата значајни автопати „М4“ и „М5“ кои се едни од главните „транспортни артерии“ на Сирија.


Во пресметките во Идлиб веќе загинаа многу про-турски терористи, сириски војници, но и припадници на армијата на Турција. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако забележа дека Асад нема да попушти, веднаш го повика Владимир Путин да реагира за смирување на ситуацијата.

Русија не само што не реагираше, туку и јасно порача дека ја поддржува акцијата на сириската армија во чистењето на терористите од Идлиб. Руското воено воздухопловство дури и се активираше и им помогна на сириските војници во неколку воени офанзиви.

Ова го вклучи алармот во Турција, затоа што сега на Ердоган му е јасно дека Асад не може така на своја рака да одлучи да ги напаѓа турските војници, туку дека тоа го прави затоа што има одобрување од Кремљ. Затоа, Анкара веднаш се обрати до Вашингтон, иако со Американците исто така се во не така добри односи. Турција побара распоредување на американската ПВО одбрана „Патриот“ во регионот за целата конфузија да биде уште поголема.


Откако Турција се одлучи за руските ПВО системи „С-400“ и ги набави, зошто сега ги бара американските? Чии авиони ќе руши, Руски или Сириски? Колку е ова реално сценарио и каква ќе биде реакцијата на Вашингтон останува да почекаме и да видиме, иако јасно е дека судирот помеѓу Турција и Русија е на самиот раб.

Многу работи ќе зависат сега од САД како НАТО сојузници на Турција, но доколку Американците одлучат да не се мешаат и да не застанат на руски нишан, тогаш Ердоган нема многу опции, освен да не се повлече.


Моментално ситуацијата во Сирија е многу напната и после одреденото примирје, би можела да „експлодира“ со директно учество на Русија и Турција, двете земји сојузнички кои овојпат би се нашле на спротиставени страни. Тешко е да се очекува таков расплет, но Турција нема да дозволи така да го загуби влијанието во Идлиб, но истовремено Ердоган сигурно нема да сака да се конфронтира со Путин, посебно сега кога се заладени односите со Вашингтон и ЕУ.

Москва од друга страна не би сакала да ја загуби Турција како сојузник затоа што преку Турција го дестабилизира НАТО, една од најважните стратешки цели на Русија.

##https://twitter.com/WithinSyriaBlog/status/1230868465176674304?s=20##

Но, досега три рунди на руско-турски преговори пропаднаа, а на интернет се појавија првите докази за тоа како турски војници намерно лансираат ракети земја-воздух кон руски бомбардери во Сирија. Што ако биде срушен руски авион? Дали Москва повторно ќе одговори само со санкции?




Спонзорирани линкови

Маркетинг