Му одржала лекција на маж кој ја вознемирувал нејзината ќерка: „Престани да ѝ го гледаш задникот“

Точка

21/02/2020

19:51

7.351

Големина на фонт

а а а

На социјалната мрежа ТикТок се појави видео кое прикажува непријатна ситуација од американскиот град Чикаго, а досега го погледнале речиси 3 милиони корисници.

Видеото го објавила 21-годишната Џулија Франк, со опис „Не си играј со мама и нејзините блиски“.

На видеото се Јулија и нејзината мајка Стефани Ибарондо, додека пазаруваат во маркет и истовремено ги следи некој маж. Џулија почнала да се чувствува непријатно и ја предупредила мајка си за мажот.

Престани да ја гледаш мојата ќерка во задникот и престани да нè следиш“, му се обратила Стефани на мажот, на што тој одговорил дека нејзината ќерка е ку**ва.

„Ако изгледа како ку**ва, ќе ја гледам како ку**ва“, рекол тој.

Џулија напоменала дека била облечена во обична маица и панталони, иако тоа воопшто не е важно. Нејзината мајка Стефани потоа ги повикала вработените од маркетот и ги замолила за помош и ја објаснила ситуацијата. Тие го викнале обезбедувањето кое го изнело мажот надвор.

„Мајка ми ме научи да бидам силна жена и ми велеше дека секогаш треба да се бранам себеси. Се надевам дека и јас еден ден тоа ќе им го пренесам на моите деца“, рекла Џулија.

„Ако се чувствувате непријатно на јавно место, обратете се на некој кој може да ви помогне. Никогаш не одете кон вашиот автомобил без да погледнете позади вас. Секогаш бидете внимателни“, додала таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг