Зошто снимката со бремената медицинска сестра предизвика бес во Кина? "Ова е пропаганда, ја искористија"

Точка

21/02/2020

19:11

3.415

Големина на фонт

а а а

Медицинската сестра во снимката признава дека нејзиното семејство се противи таа да работи, но додава дека се надева дека ќе даде придонес во борбата против вирусот.

Снимката на која се гледа бремена медицинска сестра како лечи пациенти од коронавирус во болница во Вухан, предизвикала немир ширум Кина, пишува BBC. 

Видеото го објавила државата телевизија CCTV и ја прикажува Зао Ју, која е во деветтиот месец од бременоста, како хероина.

Меѓутоа, снимката предизвикала немир кај корисниците на социјалните мрежи, кои ја критикувале болницата што и дозволила на жената да работи во висококонтаминирано окружение.

Еден корисник истакнал дека жената е искористена како "пропагандно средство".

Повеќе од 2.200 луѓе умреле од коронавирусот во Кина, додека повеќето смртни случаи се од Вухан.

Само во Кина има повеќе од 75.000 заразени. Вирусот исто така се раширил и ширум светот со повеќе од 1.000 заболени и неколку смртни случаи.

Претстава за "пропаганда"

Државниот медиум CCTV минатата недела објавил видео во кое Зао Ју работи во одделението за итна помош во воената болница во Вухан.

На снимката се гледа како оди во болница во заштитно одело, а е во поодмината бременост.

Снимена е како тестира пациент кој подоцна е пратен на одделението поради грозница. На снимката се слуша како пациентот и вели да не работи бидејќи е опасно.

Зао Ју во видеото признава дека нејзиното семејство се противи таа да работи, но додава дека се надева дека ќе даде свој придонес во борбата против вирусот.

Меѓутоа, видеото, кое требало да биде приказ на нејзиното самопожртвување, го погодило "нервот", поради што многумина ја обвиниле дека ја тераат да ја користи нејзината приказна како облик на пропаганда.

"Можеме ли да ја спречиме оваа пропаганда? Кој ја донесе одлуката дека ова видео е добро? Бремена жена не треба да биде во првите борбени редови против вирусот", напишал еден корисник.

Тоа не е единствената снимка која ги налутила граѓаните. Имено, снимката која минатата недела ја објавил државниот медиум прикажува неколку медицински сестри како плачат додека ги потстрижуваат до гола глава.

Во снимката е објаснето дека жените се потстрижени бидејќи ќе им биде полесно да носат заштитна опрема додека лечат пациенти.

Меѓутоа, многумина се посомневале во оваа логика. Исто така, многумина се прашале зошто не постои снимка на која мажите се потстрижени до гола глава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг