Сухои бомбардирале протурски сили: Сириската војска успеала да одбие напад со руска поддршка од воздух

Точка

20/02/2020

20:15

3.076

Големина на фонт

а а а

Авионите "Su-24" на руското воено воздухопловство извеле напади на терористите, што им оневозможиле на сириските трупи да ги одбијат сите напади, соопштил Центарот за помирување на завојуваните страни во Сирија.

Центарот навел дека протурските милитанти со поддршка на турската артилерија ја пробиле одбраната на сириската војска на подрачјата Кминас и Најраб. 

Сириските трупи уништиле еден тенк, шест борбени возила на пешадијата и пет камионети со муниција.

"За да ги спречат бандите да не продрат подлабоко во сириска територија, на барање на сириската команда, авиони Su-24 на воздухопловните сили на Русија ги бомбардирале вооружените формации на терористите кои се пробиле. Тоа им овозможило на сириските трупи успешно да ги одбијат сите напади. Тие уништиле еден терористички тенк, шест пешадиски оклопни возила и пет камионети со оружје од голем калибар", се наведува во соопштението на Центарот.

Русија ја повикала турската страна да прекине да ги поддржува терористите и да ги снабдува со оружје, се наведува во соопштението од Центарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг