Претседателот на Атлетико: „Енфилд“ е многу стар, ако има технички преглед од УЕФА…..

Дерби

19/02/2020

20:59

1.719

Големина на фонт

а а а

Диего Симеоне нагласи дека никогаш во животот не видел пречек каков што приредија фановите на Атлетико Мадрид пред мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите, па поради тоа додаде дека неговиот тим започнал да води во првата осминафинална пресметка уште пред да излезе на терен да ги одмери силите со составот на Јирген Клоп.

Покрај ова, популарниот Чоло потенцираше дека неговите играчи ќе мора да повторат перфектно издание на гостувањето во Англија доколку сакаат да направат изненадување и да се најдат во четвртфиналето на најелитното натпреварување, сон во кој верува и првиот човек на клубот, Енрике Серезо.

Претседателот на Атлетико смета дека е позитивно тоа што Атлетико прв го задал ударот, но при своето обраќање во јавнста кое го имаше денеска, не пропушти да нагласи дека „Ванда Метрополитано“ е далеку подобар стадион од „Енфилд Роуд“.

– Оној кој прв го задава ударот, како да удрил двапати. Тоа што го видовме вчера беше неверојатно, вистински спектакл. Без никаков сомнеж, со нашите фанови, Ванда е еден од најдопбрите стадионо во Европа, модерен и исполнет до последното место. „Енфилд“ исто така е голем стадион, но исто така е многу стар. Нема да го мине техничкиот преглед доколку УЕФА воведе такво нешто, – изјави Серезо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг