Заработуваат на страв од коронавирусот: Измамници нудат лек на интернет

Точка

19/02/2020

17:38

881

Големина на фонт

а а а

"Лековите" за коронавирусот на интернет се нудат иако лек не постои и речиси никој не е имун на вирусот. Повеќето заразени закрепнуваат во рок од неколку недели.

Лековита енергија, магичен био-принцип и исламска метода се само некои од третманите кои измамниците ги нудат на интернет како лек за коронавирусот. 

Многу измамници одлучиле да го наплатат глобалниот страв од епидемијата и на интернет нудат разни решенија и третмани кои ќе ве излечат од вирусот или ќе ви го зајканат имунитетот до степен да не се ни заразите.

Ништо од тоа не може да биде вистина бидејќи лек за коронавирусот уште не е пронајден, а се покажало и дека никој не е имун на заразата. Повеќето заразени закрепнуваат за неколку недели и без лекарска помош, а оние кои развиваат опасни инфекции треба да побараат експертска помош за болеста да не стане смртоносна.

Во еден оглас се нуди "моќна заштита" која ќе ви го засили имунитетот и ќе ве заштити од коронавирусот.

Истата "исцелителка" која тврди дека има 15 години искуство во лечење со био-магија, на многу лош англиски пишува и дека "ако ја чувствувате заразата и не се чувствувате добро, веднаш треба да го неутрализирате коронавирусот".

Светската здравствена организација исто така предупредила на внимание од измамниците на интернет кои нудат магични лекови, па објасниле дека коронавирусот нема да се излечи ни со УВ ламба, ни со лук, ни алкохол.

"Време е за факти, а не за страв", рекол докор Тедрос Адан Гебрејесус од СЗО.




Спонзорирани линкови

Маркетинг