Швајцарците бараат нов истерувач на ѓаволи: Бидејќи им умрел најпознатиот егзорцист, нема кој да ги штити од демони

Точка

19/02/2020

14:55

3.841

Големина на фонт

а а а

Епископијата на римокатоличката црква Хур во Швајцарија бара нов егзорцист, кој верниците би ги ослободил од демони и запоседнатост.

Хур и натаму важи за центар на егзорцизмот во Швајцарија, но и воопшто во германското говорно подрачје. 

По смртта на бискупскиот викар Кристоф Касети, еден од најпознатите егзорцисти во таа земја, еписокопијата се пуштила во потрага по нов истерувач на ѓаволи.

Според извештајот на швајцарската телевизија SFR, оваа пракса е се почеста и црквата годишно спроведува околу 1.300 егзорцизми.

Еписокопијата Хур често се наоѓала на мета на критики, а така и католичкиот теолог Маркус Арнолд со загриженост гледа на растечкиот број на истерувачи на ѓаволи.

Во одговорот на еписокопијата се истакнува дека егзорцизмот е дел од задачата на еден бискуп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг