Нејмар за лошата партија против Борусија Дортмунд ги обвини луѓето во клубот: Од клубот така одлучија…

Дерби

19/02/2020

11:27

1.987

Големина на фонт

а а а

ПСЖ претрпе минимален пораз на гостувањето кај Борусија Дортмунд во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Иако парижаните влеваа голема верба во Нејмар, Бразилецот не ги оправда очекувањата, па и покрај погодокот кој го постигна, може да се каже дека се вклопи во сивилото на тимот.

По средбата Нејмар упати низа критики ко луѓето во клубот, од раководството до клупските лекари кои не му дозволувале да игра изминатиот период.

– Тешко е да не играш на четири натпревари со ред. Тоа не беше мој избор, клубот донесе таква одлука. Клупските доктори го бараа тоа. Многу зборувавме и тоа не ми се допадна, сакав да играм затоа што се чувствував добро. Во клубот се преплашија и се падна на мене, - изјави Нејмар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг