Мино Раиола успева со плановите: Реал не планира да понуди повеќе од 50 милиони фунти за Погба

Дерби

19/02/2020

11:25

1.864

Големина на фонт

а а а

Мино Раиола со последните коментари во врска со Пол Погба очигледно имаше намера да ја намали цената која Манчестер Јунајтед ја бара за неговиот клиент.

И повеќе од јасно е дека Французинот ќе си замине од клубот по крајот на оваа сезона, а се уште не е позната цената по која ќе се реализира трансферот.

„Дејли Мејл“ пренесува дека Реал Мадрид проценил дека нема да плати повеќе од 50 милиони фунти за услугите на Погба за кого Манчестер Јунајтед бара минимум 90 милиони фунти.

Според „кралевите“, желбата за заминување на Погба, но и тоа што оваа сезона речиси и да не заигра ќе ги стопира во намерата да ги платат бараните 90 милиони фунти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг