Камерата ги снимила нејзините последни моменти: Му понудила преноќувалиште на својот пријател, тој ја силувал и ја убил

Точка

18/02/2020

18:21

2.782

Големина на фонт

а а а

Жртвата му дозволила на убиецот, инаку син на поранешен полицаец, да преспие во нејзиниот стан откако и кажал дека е премногу пијан и издрогиран за да оди дома кај родителите.

Полицијата објавила снимка од надзорните камери на кои се гледаат последните моменти од животот на Меган Њутон од Aнглија, која била брутално силувана и убиена. 

Камерите забележале дека Меган несвесно пуштила убиец во свој стан, а неколку часа подоцна била пронајдена мртва, пишува "Daily Mail".

На снимката се гледа како Меган се смее со фудбалерот Џозеф Тревор, пред да го покани во својот стан.

Медиумите пренесуваат дека Меган му дозволила на Тревор, инаку син на поранешен полицаец, да преспие во нејзиниот стан откако и кажал дека е премногу пијан и дрогиран за да оди дома кај родителите.

На снимката се гледа како Тревор влегува по девојката во станот во 3:45 минути на 20-ти април минатата година, пред да ја силува, задави и избоде девет пати.

По бруталното убиство Тревор голото и крваво тело на Меган го оставил на кревет, а потоа бил снимен како два часа подоцна излегува до станот и мирно го фрла клучот од влезната врата во парк во градот Њукасл.

На друга снимка се гледа како Тревор оди по улица со крвави раце.

Тревор и Меган биле училишни пријатели, а момчето е осудено на доживотен затвор откако признало вина за силување и убиство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг