Откровението на Атлетико: Пред неколку години продавав печурки, сега ќе играм против европскиот шампион!

Дерби

18/02/2020

16:54

2.533

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид претрпе голема реконструкција изминатово лето бидејќи си заминаа неколку искусни играчи кои беа и клучни во ростерот на Симеоне, па токму поради тоа, тимот од шпанската престолнина се наоѓа во период на транзиција кој се одрази на резултатите.

Атлетико не е константен како во минатите неколку години, но сепак и натаму важи за исклучително цврст и агресивен тим кој може да му нанесе штета на секој ривал. „Душекџиите“ предводени од Чоло Симеоне вечерва ќе имаат исклучително тешка задача бидејќи ќе играат против тимот кој е во најдобра форма во Европа, а воедно и актуелниот бранител на титулата во Лигата на шампионите.

Ливерпул допатува во Мадрид како непоразен тим во Премиер лигата и во страшна форма, а покрај најавите на двајцата тренери, пред вечерашниот дуел на „Ванда Метрополитано“ ни пристигна и една интересна изјава од октровението на Симеоне. Чоло го доведе Бразилецот Фелипе како директна замена за капитенот Диего Годин, а Бразилецот кој до пред неколку години продавач печурки заедно со својот свекор, сега ќе игра против актуелниот европски првак.

– Да, вистина е, до пред неколку години станував во 3 наутро и продавав печурки со мојот свекор. Сега ја имам честа да играм натпрвеар против еден од најдобрите тимови во светот, актуелниот европски првак. Мислам дека поседуваме капацитет да му парираме на Ливерпул, ќе направам се за да го одбранам голот и дресот на Атлетико Мадрид. Верувам во моите соиграчи и нема да се предадеме, – изјави Фелипе за „Марка“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг