Џенифер Лопез подготвува линија обувки со нејзин потпис

Fashionel.mk

18/02/2020

13:15

1.695

Големина на фонт

а а а

Пред три години, Џенифер Лопез соработуваше со Џузепе Заноти и заедно создадоа колекција во која доминираа сандали со висока потпетица.

Но, актерката, танчарка и пејачка, сега создава нова линија која ќе го носи нејзиниот потпис. 

Колекцијата ќе вклучува чизми, патики и многу модели на салонки и сандали. Исто така, ќе содржи и голем број модели на широка потпетица. 

„Уште од почетокот на кариерата, сакав да правам сè - музика, филмови, мода... Колекцијата ги претставува трите града кои станаа многу важен дел од она што сум - Њујорк, Лос Анџелес и Мајами. Со оваа колекција, се надевам дека луѓето ќе можат да го најдат и претстават дел од себе, а притоа да останат автентични на себе, без лажни претставувања“, порачува пејачката. 


Линијата обувки е насловена „JLO JENNIFER LOPEZ“, а ќе биде лансирана следниот месец, поточно на 9 март во „Designer Shoe Warehouse“ со чанти кои ќе бидат во комбинација со чевлите. 


На сајтот на „„Designer Shoe Warehouse" веќе почна одбројувањето и можноста за пријавување за оние што сакаат да бидат во можност први да ги купат новите омилени модели. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг