Ова е најважниот графикон за коронавирусот: Дошло до големи промени во начинот на кој се шири епидемијата

Точка

18/02/2020

15:20

2.821

Големина на фонт

а а а

Универзитетот Џон Хопкинс направил детален графикон кој ја прикажува моменталната ситуација која владее во светот, кога станува збор за оваа епидемија.

Коронавирусот досега однесе 1873 животи, а помеѓу починатите е и директорот на болницата во Вухан, неврохирургот Лиу Зиминг, соопшти денеска кинеската здравствена комисија.

Бројот на починати лица надвор од Кина е 5, додека се заразени над 73.000 лица ширум светот, пренесува “CNN”.

Универзитетот Џон Хопкинс направил детален графикон кој прикажува каква е моменталната ситуација која владее во светот, што се однесува до оваа епидемија. Црвените точки ги означуваат местата во кои вирусот се проширил, а од страна може да се забележи бројот на починати како и бројот на излекувани лица.


Она што е посебно важно е графиконот во долниот десен агол кој прикажува со која брзина се развива епидемијата. Тука се забележува една позитивна промена – додека до 10-ти февруари бројот на заболени експоненцијално се зголемувал, од тој датум се гледа дека доаѓа до помал пораст на заразени лица, што може да биде знак дека епидемијата конечно се става под контрола.


Во меѓувреме се откриени уште 99 случаи на крузерот “Diamond Princess” кој е усидрен во Јапонија, САД ги евакуираше своите граѓани, а истото го планираат и Канада, Хонгконг и Италија.

Кинеските здравствени власти ги објавија првите детали за речиси 45.000 случаи на коронавирус во кои се наведува дека 80 отсто од слуачите биле “благи” како и дека е прерано да се каже дали избивањето на вирусот го достигнало својот врв.

Во извештајот на кинескиот центар за спречување и контрола на болести се дава појасна слика за избивањето на болеста, како се развивала истата и во кој правец се движела, изјавил директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесува “AP”.


Тој на конференцијата за новинари рекол дека сè уште е рано да се зборува дали ќе продолжи падот на бројката на нови случаи.

“Секое сценарио е сè уште можно”, рекол Тедрос.

Кинеските власти соопштиле дека постои можност да се одложи годишниот Национален народен конгрес кој треба да се одржи во март.



Спонзорирани линкови

Маркетинг