Како изгледа правдата во нормална држава: Доживотен затвор за Косовар кој во Германија организирал улична трка и предизвикал фатална несреќа

Точка

18/02/2020

13:33

6.010

Големина на фонт

а а а

Германците уште еднаш докажаа како функционира една правна држава во која се почитуваат законите. Ова на своја кожа најдобро го почуствува 22-годишно лице со потекло од соседно Косово.

Македонските граѓани се сведоци на дивеење на улиците ширум државата каде секојдневно се прават илјадници прекршоци, се поминува на црвено и по булеварите се вози со преголема брзина. На ваквиот хаос во сообраќајот македонската Влада реагираше - со намалување на казните за сообраќајни прекршоци.

Не така далеку од Македонија, во една нормална европска земја - Германија, властите размислуваат поинаку. Тамошниот суд одлучи со последната казна да испрати порака до целата земја дека човечкиот живот во Германија вреди, а несовесното возење нема да помине без казна. И тоа каква.


Имено, 22-годишниот Куштрим Х. организирал дива улична трка во предградие на германскиот град Морс, при што предизвикал фатална несреќа во која животот го загубила една жена.

Куштрим во понеделникот добил доживотна затворска казна, а другиот осомничен, Исмаиљ С. кој го возел другиот автомобил кој учествувал во трката, осуден е на три години и девет месеци затворска казна поради учество во трка која резултирала со смртен исход.


Несреќната 43-годишна жена која управувала со својот автомобил, починала во април откако во нејзиното возило удрил автомобилот на лицето од Косово.

Германски „Билд“ пренесува дека судиите од Окружниот суд во Клеве, во текот на вчерашниот ден пресудиле дека двете лица со два автомобили од по 600 коњски сили илгално се тркале во стамбен кварт. Прекршокот го признале двајцата осомничени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг