Навреди и погрдни зборови – инцидент во собранието помеѓу две пратенички (ВИДЕО)

Точка

16/02/2020

14:57

7.252

Големина на фонт

а а а

За законот за служба во армијата гласале 7 пратеници, не можам да сфатам какво е ова лицемерие. Промената на името на Армијата е веќе донесен закон.

Имаме пратеници кои гласале за законот со веќе променето име на државата, а тоа се пратениците Жаклина Пешевска, Влатко Ѓорчев, Иван Иванов, Слаѓана Митовска, Никола Мицевски, сега тие исти колеги не сакаат да гласаат за законот за одбрана”рече пратеничката Нола Смајловска Исени.

Но, за кратко во салата настана тензична атмосфера откако пратеничката Пешевски испровоцирана зошто Исмајловска и` го споменала името од говорница, дојде до нејзината маса и и` го турна телефонот и на висок тон и рече:

“Како не ти е срам да ми го споменуваш името. Со кое право. Ова повеќе да не ти се случило”. 

Нервозаната пратеничка од масата кај нејзината колешка ја трнаа неколку пратеници од ВМРО ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг