(Видео) Заев: Верувам дека важните закони ќе бидат донесени и Собранието навреме ќе се распушти

Макфакс

14/02/2020

16:51

1.043

Големина на фонт

а а а

Верувам дека ќе се донесат законите. Денеска тргнаа работите, верувам дека навистина како и да ги гледате работите деловнички со одговорноста на сите пратеници од власта и од опозицијата, законите може да се донесат, односно да се гласа. Дали ќе има за сите закони двотретинско мнозинство, просто мнозинство соодветно, сè тоа ќе го знаеме на самиот чин на гласање.

Јас реков јавно и уште еднаш ќе повторам – кога одлучивме да го пуштиме законот преку Владата во парламентот, збор ни имаа дадено најмалку 80 пратеници. Секако, дебатата продолжува по тоа, се држеа комисиите, се разгледува дебатата, се разговара со сите пратеници и верувам, на крајот, ќе се обезбедат неопходните најмалку 80 пратеници за да може толку важни законски решенија да бидат усвоени од нашиот парламент, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од Неготино.

Тој рече дека за нови коалиции имаат разговори со досегашните коалициски партнери, но и со други партии кои досега не биле со нив во коалиција. Тој, како што рече, верува дека конечни резултати од овие разговори ќе има на крајот на февруари.

Според Заев, одговорноста е на сите пратеници.

„Ниту сакаме ниту планираме формирање мнозинство, кое е секако извесно, знаете и вие новинарите дека е возможно да го направиме, тоа што сме пред обезбедување 80 пратеници, а не па за мнозинство од 61 пратеник, тоа е возможно. Не сакам никој да го сфати како закана, го испраќам јас како порака, како потврда на нашиот генерален секретар, дека државата е, пред сè, за сите нас. По тоа, се нашите политички партии и калкулации или слично. Ние сакаме да имаме избори на 12 април“, порача Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг