Дуото Александар Митевски и Драган Спасов-Дац веќе некое време ги разгалува почитувачите на македонска музика со необични композиции.
„Уште ми фалиш“, „Цреши охридски“, „Љуби ме“, се дел од нивните хитови, а нивната верна публика со нетрпение очекува од нив да слушне нешто ново.
Токму денеска, на Денот на вљубените, Александар и Дац специјално ја промовираат нивната нова емотивна и љубовна балада, насловена „Хипноза на една љубов“.
Инаку, оваа композиција е насловна тема за театарската претстава „Хипноза на една љубов" на текст на Душан Ковачевиќ во Драмскиот театар.
За музиката е одговорен Александар Митевски, а за неверојатниот аранжман се погрижил Иле Спасев.
„Дали е хипноза или љубов...“ - дозволете оваа песна полна емоции да ги разгали и вашите души.