По смртта на докторот во гаража пронајдени 2.400 фетуси! Страшната приказна конечно добила епилог

Точка

14/02/2020

11:27

2.835

Големина на фонт

а а а

На гробиштата во американска Индијана погребани се остатоците на повеќе од 2.000 фетуси кои минатата година биле пронајдени во гаражата на еден доктор во предградието на Чикаго.

На погребот присуствувале околу 200 луѓе, а говор држел еден тамошен државен обвинител. 

Во гаражата и возилото на докторот Улрих Клопфер биле најдени дури 2.411 фетуси. На страшното откритие наишле членовите на семејството по неговата смрт во септември 2019-та година.

Се претпоставува дека се работи за абортуси кои Клопфер ги вршел во период меѓу 2000-та и 2003-та година, но инспекторите не сакат да откријат како дошле до тие информации, но откриле дека Клопфер абортусите не ги вршел во својата куќа.

Како што пишува CNN, фетусите биле најдени во мали запечатени пластични кеси со формалин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг