Од Единствена Македонија го повикаа Собранието да распише референдум за членство во НАТО, во спротивно, според нив, се крши Уставот, а донесените акти за ратификација се противуставни.
„Според член 120 од Уставот актите за членството на Република Македонија во НАТО-сојузот се сметаат за усвоени ако на референдум за нив гласале мнозинството од вкупниот број избирачи. Внимавајте добро, според Уставот сега е потребно да се распише референдум за усвојување или неусвојување на актите за прием на државата во НАТО-сојузот. Спред Уставот, последниот збор за членството во НАТО треба да го кажат македонскиот народ и државјаните на Република Македонија. Очекуваме пратениците да ја почнат законодавната постапка за распишување референдум и затоа денеска испративме писмо – предупредување, со кое ги потсетуваме да го почитуват Уставот. Во спротивно, за кршење на Уставот како највисок правен акт, одговорност мора да има”, изјави Синиша Николовски од Единствена Македонија на прес-конференција пред Собранието.