Коронавирусот однесе повеќе животи од САРС: 811 жртви, доколку се прошири кон Африка следува хаос

Точка

09/02/2020

12:59

3.526

Големина на фонт

а а а

Новиот коронавирус однесе најмалку 811 животи, со што е надминат вкупниот број на починати од глобалната епидемија на САРС во 2003 година, кога починаа 774 лица.

Само во кинеската провинција Хубеј, епицентарот на заразата, починале 780 луѓе. Бројот на заболени се искачи на 34.947, а 99 отсто од нив се во Кина. Досега закрепнале 2356 лица. 

Надвор од Кина се заразени повеќе од 330 луѓе во 27 држави и регии. На подрачјето на Европа, најновиот случај на зараза се појави на скијачкото одморалиште Горна Савоја на југоистокот од Франција, каде заболеле пет британски државјани кои отседнале со лице кое неодамна го посетило Сингапур.


Прашање е колкава е точната смртност од новиот коронавирус. Во Вухан од каде започна епидемијата, смртноста е 4,1 отсто, додека во пошироката покраина Хубеј е 2,8. На подрачјето на цела Кина, смртноста изнесува 2 отсто.

Проценката на експертите од Светската здравствена организација укажува дека веројатно веќе се заразени околу 100.000 лица. Посебен проблем претставува опасноста од ширење на вирусот во Африка, каде локалните здравствени институции не се спремни за поголема епидемија.

До средина на оваа недела само две лаборатории на цел континент, една во Сенегал и една во Јужноафриканската Република, биле опремени за тестирање за идентификација на коронавирусот. До денеска се припремиле и лабораториите во Гана, Нигерија, Сиера Леоне и на Мадагаскар, а СЗО испратила опрема во 29 лаборатории ширум Африка.

Потенцијални случаи на зараза се пријавени во Кенија, Етиопија, Брегот на Слоновата Коска, Гана и Боцвана. Во Уганда, министерството за здравство ставило во карантин повеќе од 100 лица кои допатувале со авион од Кина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг